Македонија

ДИК го доуреди упатството за поднесување приговори на изборите согласно употребата на уредите за отпечаток од прст

Поради новиот начин на идентификација на гласачите со воведување на уредите за отпечаток од прст, Државната изборна комисија денеска усвои измени и дополнувања на Упатството за поднесување приговори на гласачите, што се однесуваат на заштита на гласачкото право.

  • Согласно измените на Изборниот законик, доколку биде прифатен приговорот на гласачот, законот предвидува тој да биде запишан во Избирачкиот список на посебен образец и да му се даде гласачко ливче и да му се дозволи да гласа. Затоа и роковите се сменети, заради применливост и ефективност на правната заштита. Значи, после поднесувањето на ваков вид на приговор се одлучува во рок од два часа и исто така заради олеснување на гласачите овој вид на приговор за разлика од другите може да се поднесува и електронски односно по имејл. Секако дека може и традиционално и непосредно во писмена форма до ОИК, објасни членот на ДИК Борис Кондарко.

Кондарко исто така посочи дека согласно Изборниот законик има нови услови за запишување во Избирачкиот список. Сега може да бидат запишани во ИС и граѓани на кои им истекле документите за идентификација и во периодот од распишувањето на изборите до денот на гласањето. Граѓаните, како што кажа тој, само ќе мора да ги обноват документите а не и да бараат да се вметнат во ИС бидејќи тие се веќе запишани во него по службена должност.

Она што е ново што првпат се воведува со воведувањето на уредите за биометриска идентификација на гласачите преку отпечаток од прст е доколку има случаи кога се регулира постапувањето по приговори во врска со овој дел од гласањето, а тоа ако е ако не може да се пронајде совпаѓање на отпечаток на прст на гласачот со отпечатоците од прсти во податоците што се наоѓаат во уредот иако претходно избирачкиот одбор го утврди идентитетот од личните документи на гласачот и дека не гласал преку потписите во Избирачкиот список. Тогаш гласачот може да се внесе во уредот за биометриска идентификација преку отчитување на неговиот единствен матичен број, при што и во тој случај му се зема отпечаток од прст преку уредот за биометриска идентификација.

  • Постапувањето во вакви случаи по евентуални приговори, ДИК врши задолжителна споредба на сите земени отпечатоци по овој основ со сите отпечатоци земени од гласачите кои гласале на овој начинсо отпечатоците на сите граѓани на ниво на држава кои се запишани во ИС, така што се елеминира можноста за евентуални злоупотреби и манипулации бидејќи имаме законско право да правиме споредба на сите земени отпечатоци на гласачите со целокупната база на електронскиот ибирачки список со отпечатоците на сите гласачи на ниво на цела држава, рече Коднарко.

Втор исклучок предвиден во законот, е кога ДИК може да врши споредба на отпечатоци од прсти, како што кажа Кондарко, во екстремна ситуација за која се надеваат дека нема да се случи, е ако уредите за биометриска идентификација не работат, што, што според него, не би можело да се случи бидејќи ДИК има доволна резерва на уреди. Во таков случај е предвидено да може да се гласа со употреба на УВ ламба и спреј и на граѓаните ќе им се земе отпечаток од прст со помош на графитно перниче. Отпечатокот, како што појасни Кодарко, ќе се остава на хартија во посебна графа на Избирачкиот список каде што се потпишуваат при гласањето.

-И во вакви случаи ние имаме право да ги споредиме вака земените отпечатоци од прсти, рече Кодарко.

На денешната седница ДИК избра и членови на посебните избирачки одбори што ќе спроведуваат гласање на лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Рокот за пријавување на овие лица за гласње истекува на 11 октомври на полноќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе