По одржаната седница на Централниот одбор, НСДП донесе одлука да настапи како дел од коалицијата предводена од СДСМ на локалните избори во октомври оваа година.
Беше констатирано дека општинските организации на партијата, кадровски и оперативно, се целосно подготвени да го дадат својот придонес за успешна промоција на програмата и на кандидатите за градоначалници и советници од Коалицијата предводена од СДСМ, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување на успех на изборите.
Исто така, НСДП ја отпочна внатрепартиската постапка за евидентирање и утврдување кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје, обезбедувајќи транспарентна, легитимна и демократска внатрепартиска процедура, за да се дојде до најприфатливи кандидати од НСДП кои имаат најголеми шанси за успех на изборите.