Вести Македонија Топ вести

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на вештачки уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје стана првиот јавен здравствен центар во Македонија кој изведува операции за поставување на вештачки уринарен сфинктер, процедура која досега беше достапна само во странство или во приватни клиники.

Како што соопштуваат од Клиниката, интервенциите ги изведува виш научен соработник д-р Огнен Ивановски, кој првите операции ги реализирал под менторство на проф. д-р Сергеи Котов од московската Клиника „Пирогов“.

Досега се изведени 10 успешни интервенции, со што Клиниката се вбројува меѓу ретките лиценцирани центри за оваа процедура во регионот.

Операцијата е наменета за пациенти со уринарна инконтиненција, состојба која најчесто се јавува по хируршко отстранување на простатата поради карцином.

Вградувањето на сфинктерот значително го подобрува квалитетот на живот и е целосно покриено од Фондот за здравствено осигурување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе