Вести Македонија

Сали: Таравари се самоопредели, лидерите во „Вреди“ му кажаа дека вратата му е затворена

Директно го прашавме господинот Таравари дали има комуникација со господинот Ахмети на што тој потврдно ни одговори, рече Беким Сали од „Вреди“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Јавноста беше шокирана од канали на комуникација кои што постоеле меѓу Таравари и Ахмети, а сето тоа било скришум, односно на перфиден начин изведено, за другите коалициони партнери од „Вреди“ да не знаат од оригиналниот извор, од господинот Таравари, туку да дознаат преку други извори на информации. И тука почнаа превирањата дали треба да се продолжи соработката со Алијанса на Албанците, односно со господинот Таравари или не. Дојдовме до заклучок дека господинот Таравари не може да се врати. Неговото инсистирање беше да оди со одвоени листи за советници, меѓутоа со кандидати за кои би можеле да се договориме и со „Вреди“ и со ДУИ. Тој принцип го оддалечи Таравари од „Вреди“, не се партиите, не се лидерите кои што му кажаа дека има затворена врата во „Вреди“, туку тој сам се самоопредели да биде дел од една кауза која не е мисија на „Вреди““, истакна Сали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе