Вести Македонија

Нова шанса за изградба на факултетите на УКИМ

Недовршени бетонски ѕидови, ’рѓосани арматури, згради без прозори и без покрив, а околу нив расфрлан градежен материјал, вака шест години стојат неизградените и како карабини згради во кругот на УКИМ. Во овие две згради требаше да учат студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје кои сè уште студираат во потпросечни услови.

„Изградбата на овие згради започна во 2015 година, но запре во 2019 година. Оттогаш стојат така – недовршени и небезбедни“

Министерството за образование извести дека планира да ги заврши овие два објекти, а денес за таа цел потпишаа меморандум за соработка со УКИМ, Градежниот факултет и Службата за општи и заеднички работи. Тие известија дека е формирана работна група што ќе направи увид на терен, ќе ја провери документацијата и ќе го дефинира начинот на кој ќе продолжи градбата.

„Заедно ќе извршиме увид во физичката состојба на објектите. Ќе направиме преглед на документацијата и ќе го дефинираме начинот на кој би се продолжила градбата“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Целта е до крајот на годината да се распише тендер за доградба.

„Градежниот факултет ќе формира тим од експерти за сите фази, за градежништво, архитектура, машинство и електрика, а исто така ќе бидат консултирани и корисниците на овие објекти за да се ревидираат потребите на факултетите со цел да се направат измени на проектот во тек на градба“, изјави Биљана Ангелова, ректор на УКИМ.

Иако ФИНКИ има постојана зграда, таа не е доволна за сите студенти, а проблемот со просторот трае со години. Минатата година, студентите и раководството протестираа пред Влада, барајќи решавање на проблемот.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Дејан Дејан

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Дејан Дејан

Георгиевска во Топ Тема: Секој пад секако дека треба да загрижува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе