Министерството за образование и наука (МОН) извести дека се планира завршување на изградбата на двата објекти во кампусот на Универзитетот „Кирил и Методиј“. Тоа се зградите за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
За таа цел денеска МОН потпиша меморандум за соработка со универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежниот факултет и Службата за општи и заеднички работи за што најавија и дека ќе формираат работна група.