Вести Свет

Европската Комисија подготвува нови правила за возилата постари од 10 години

Европската комисија сака да воведе општа годишна инспекција за постари автомобили. Целта е да се зголеми безбедноста на патиштата, но конечна одлука сè уште не е донесена. Пред предлогот да стапи на сила, за него ќе треба да се согласат и Европскиот парламент и земјите-членки на Европската унија.

Еден од предлозите се однесува на сопствениците на постари автомобили кои првпат биле регистрирани пред повеќе од десет години. Во Германија, такви се повеќе од 23,4 милиони автомобили, што претставува 47,1 процент од вкупниот број автомобили.

Исто така, Европската комисија смета дека е потребно да се заштитат купувачите на половни возила, бидејќи има сè повеќе измами со фалсификување на билансот на километражата. Во однос на второто, според предлогот на ЕК, сите земји-членки треба да воспостават национални бази на податоци за отчитувањата на километражата.

Откако овие предлози на Европската комисија ќе бидат разгледани од Советот на ЕУ и Европскиот парламент, ЕК треба да подготви конкретен законодавен предлог, кој се очекува да биде готов подоцна оваа година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан тестираше балистичка ракета во услови на тензии со Индија

Дејан Дејан

(ФОТО) Една жена загина во Солун откатко бомба експлодирала во нејзините раце

Дејан Дејан

Денес е Светскиот ден на слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе