Вести Свет

Грција утре го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН

Поморската безбедност, заштитата на цивилите во време на војна, жените, мирот и безбедноста, децата во вооружени конфликти, но и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и случувањата на Западен Балкан, ќе бидат дел од темите за време на грчкото претседателство со Советот за Безбедност на ОН, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Грција утре го презема едномесечното претседателството, а од грчкото МНР посочија дека согласно Повелбата на Обединетите нации, „Советот за безбедност е орган со примарна одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност“, а земјата ќе има можност „да го истакне својот силен дипломатски отпечаток, својата улога како искрен соговорник и мост меѓу Истокот и Западот, Северот и Југот, имајќи го меѓународното право и Повелбата на ОН како основни водичи на својата надворешна политика“.

„Војната во Украина и кризата на Блискиот Исток ќе бидат централна тема на состаноците на Советот за безбедност. Случувањата на Западен Балкан, ситуацијата во Либија и Судан исто така беа избрани како главни теми на дискусија. За време на претседателството, Грција, како силен поддржувач на мултилатералната дипломатија, колективната безбедност и мировната улога на Обединетите нации, ќе работи со сите земји-членки на Советот за безбедност за одржување и консолидирање на меѓународниот мир и безбедност кон меѓународна безбедносна архитектура базирана на правила“, соопштија од грчкото МНР.

Дополнително, додадоа дека поморската безбедност ќе биде тема на главниот настан на високо ниво, што ќе се одржи на 20 мај во Њујорк. На почетокот на годинава започна двегодишниот мандат на Грција како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе