Вести Македонија

Филипче негира дека има златна виза за Дубаи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче негира дека има златна виза за Дубаи. Прашањето нему, но и на екс премиерот Зоран Заев, со денови му го поставуваат од ВМРО-ДПМНЕ, поврзано со прашањето колку милиони им се трансакциите во Дубаи и дали поседуваат и луксузни станови таму?

Од владејачката партија обвинуваат и дека Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи, каде што има сигурно прибежиште, обвинувајќи го Филипче дека е негова продолжена рака, кој му го чува партиското столче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: ДУИ прво ме контактираа мене со цел да ја растурат коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Меџити: Членството на АА не сака да биде „гума за спасување“ на ДУИ

Дејан Дејан

Во Алијансата за Албанците не размислуваат сите како Таравари, тврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе