Вести Македонија

ДКСК: 15 години нема законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата.

Како што беше речено на денешната седница, ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање.

Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лица, не е уредена и постапката за добивање одобрение за набавка на експлозивни материи, не е утврден надлежен орган кој ќе одлучува по барањето, ниту се пропишани рокови за постапување, а недостасуваат и јасни услови, критериуми и документација.

  • Повеќе од 15 години од донесувањето на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, од 2007 година до април 2025-та, не е предвидена конкретна забрана за употеба на пиротехнички средства во затворен простор што е значајна правна празнина и потенцијален извор на регулаторен и безбедносен ризик. Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејекти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста. Ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност, ограничени услови за санкционирање, различна пракса во спроведување на законските одредби, како и потенцијал за селективна примена и толеранција на прекршување. Задолжителна е навремена интервенција со прецизни забрани особено во случаи каде јавното здравје и безбедноста на граѓаните се директно загрозени, треба да се утврди механизам за редовна ревизија на прекршочните одредби и да се разгледа воведување задолжителна оценка на безбедносен ризик при секое барање за дозвола на јавни собири, настани и активности во затворен простор каде е можна употреба на пиротехника, истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата.

Претходно на седницата беше нагласено и дека се констатирани низа пропусти во Законот за угосителска дејност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе