Системските грешки ги имавме воочено и во националната стратегија точно имавме предвидено кои се ризици од корупција, изјави Горан Трпеноски, поранешен член на Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Кај инспекторите, издавање на концесии, дозволи, потоа урбанизмот, екологијата. За сето тоа ние имаме поднесено, кај нас се вика антикорупциска проверка на законите, делот од ДКСК. Ги имавме анализирано доста од законите, посебно од урбанизмот, посебно дивоградби, и закони што се носат во интерес на инвеститорот, а не на јавноста. За екологија, исто така, ги најдовме сите фалинки“, вели Трпеноски.