Вести Македонија

Засилени инспекциски контроли пред Велигден – АХВ уништи 1.230 килограми небезбедна храна

Над илјада и двесте киограми месо, јајца, мед, ракија и маслиново масло, но и други производи уништила Агенцијата за храна и ветеринарство во последните вонредни контроли што ги прават пред Велигденските празници. Инспекторите откриле големи количини месо, како и преработки од месо што не смеат да се најдат на полиците и на трпезите на граѓаните. Ветеринарите и инспекторите на Агенцијата изминатите денови направиле 350 надзори над операторите со цел да се спречи продажба на небезбедна храна особено месо и јајца, некои од најбараните производи пред Велигден.

„За утрврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3650 евра во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување. Во услови на зголемена побарувачка на храна поради претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарст само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби“, велат од АХВ.

велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Агенцијата упатува и да се внимава на декларациите на производите, рокот на употреба и темепратурниот режим на чување на храната, особено за леснорасипливите производи кои можат да преттсавуваат небезбедна храна за граѓаните.

Изминатите неколку месеци АХВ уништи повеќе тони небезбедна храна. Во серијата вонредни контроли се посетуваа ресторани,  киосци за храна, маркети и дисконтри низ градовите во државата. Во повеќе наврати пронајдена е небезбедна храна од која голем дел неадекватно чувана и со поминат рок.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе