Вести Македонија

Мицкоски по телефон разговарал со Хауард Лутник, државен секретар за економија на САД

Во текот на вчерашниот ден премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, за кого вели дека е пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје.

  • Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во текот на разговорот тој ја нагласил важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.

  • Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји, вели премиерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе