Вести Македонија

ЕСМ не успеа да најде некој да врши транспорт на мазут од државните резерви на нафта, до местата каде би требал да има потреба

ЕСМ не успеа да најде некој да врши транспорт на мазут од државните резерви на нафта, до местата каде би требал да има птреба односно до централите.

Од компанијата велат дека повикот е поништен бидејки добиле невалидни понуди. Тврдат дека повикор бил објавен за да се обезбеди превоз на одредени количини мазут од државните складишта со ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола за евентуално ако има потреба, да се користи и да бидат обезбеени количините во близина на централите.

Најчесто мазутот се употребува во централите за производство на струја, кога јагленот е со помала калорична вредност. Од ЕСМ  тврдат и во повикот за обезбедување превоз за мазут воопшто не станувало збор за достава до топланите за испорака на топлинска енергија која заклучно со денеска имаше најава дека ке биде редуцирана заради технички зафати на системот за пренос на гас во Бугарија.

Целта на јавниот повик е  АД ЕСМ  да има на располагање економски оператор кој во случајна потреба би го транспортирал мазутот од нафтените резерви до капацитетит за производство на електрична енергија. Избраната фирма би била ангажирана по претходно издаден налог од договорниот орган.

Доколку нема потреба за ангажирање по потреба на избраниот оператор АД ЕСМ нема да има финансиски импликации. Ова важи за оние количии од државните резерви што ги имаме на располагање. Од компанијата велат дека допрва ќе се утрдува дали ќе има потреба од нов повик за економски оператор кој би вршел транспорт на мазут од нафтените резерви до централите во случај да има потреба од тоа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: Одговорноста во случајот со Димитровска е индивидуална, но дефинитивно влијае врз работата на ДКСК

Дејан Дејан

СДСМ обвинува дека била скината казна за брзо возење на брат на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и била пишана на друг возач

Дејан Дејан

Кардиналите денеска ќе утврдат датум за Kонклава за избор на наследник на папата Франциск

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе