Вести Свет

Запленети 2 тони шверцуван кокаин на брод во вредност од еден трилион долари

Два тони шверцуван кокаин заплениле јужнокорејските власти на странски брод закотвен во пристаниште на југоисточниот брег на земјата.

Регионот на јужнокорејската крајбрежна стража – Исток и регионалната царина во Сеул го пребарале бродот закотвен на пристаништето Окгје во Гангнеунг каде пронашле кокаин спакуван во 56 снопови, секој со тежина од 30 до 40 килограми.

Јужнокорејските медиуми објавија дека бродот пловел под норвешко знаме. Инспекторите приведоа 20 филипински членови на екипажот на испрашување и планираа да испратат примероци до Националната форензичка служба за детална анализа.

Запленетата дрога се проценува дека има пазарна вредност од еден трилион долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Дејан Дејан

(ФОТО) Тројца туристи меѓу четворицата загинати во несреќа на жичница во Неапол

Дејан Дејан

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе