Бројот на загинати во руски напад со дронови во Харков порасна на пет лица, додека најмалку 35 се ранети, соопшти Олег Синегубов, шеф на полицијата во Харков. Погодена е повеќекатница во округот Новобаварски, а по експлозијата во објектот избил пожар.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пак, соопшти дека руската противвоздушна одбрана одбила напад на дрон кој летал кон рускиот главен град. Собјанин напиша дека итните служби работат на местото каде што паднале остатоците на беспилотното летало.
Претходно беше објавено дека сообраќајот на трите аеродроми „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“ бил во прекин. Противвоздушната одбрана во текот на ноќта пресретнала и уништила 107 украински дронови над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.