Вести Македонија

Пензионерите од денеска со зголемени пензии за 2.500 денари

Над 340.000 пензионери во државава од денеска ќе добиваат повисока пензија за 2.500 денари. Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5.000 денари повисоки пензии за само девет месеци мандат од оваа Влада, информираат од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Покачувањето на пензиите, велат, било едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започнала со постапката за нејзино реализирање.

„Како Влада и ресорно Министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите“, се вели во денешното соопштение од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Небензија: Прекинот на огнот во војната против Украина е „нереален“

Дејан Дејан

Венс со спротивен став на Рубио – „оптимист“ е дека ќе биде достигнат договор за мир

Дејан Дејан

Лавров: Русија е подготвена да земе улога во разговорите меѓу Иран и САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе