Вести Македонија

Со ауди по тротоар на Бит Пазар – МВР санкционира возач од Скопје

Полицијата денеска го пронашла, извршила службен разговор и го санкционирала возачот кој на 28-ми овој месец возел со автомобил по тротоар на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје и ја загрозил безбедноста на пешаците.

„На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило „ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. „Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците“, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека снимка од настанот била споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе