Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутација на руски државјани на возраст од 18 до 30 години во воена служба од 1 април до 15 јули.
„Одредувам дека од 1 април до 15 јули во 2025 година ќе се спроведе покана за служење на воен рок на државјани на Руската федерација, на возраст од 18 до 30 години кои не се во резервниот состав и подлежат на повик за воена служба“, се наведува во указот.
Се додава дека со указот се планира да се регрутираат 160.000 Руси.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.