Вести Македонија Најважни

Врвот на заразата се очекува во април

Дневните бројки на зaболени од КОВИД 19 ќе растат уште две недели, а во почетокот  на април се очекува овој бран да го достигне врвот. Тоа ќе трае десетина дена, а  од средината на следниот месец,  бројот на позитивни  ќе се  намалуваат, вели универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски во најновата   математичко статстичка-анализа за епидемиолошката состојба во земјава.

Но, овие проекции можат да паднат во вода доколку има поголем број на високоризчни настани и масовно непочитување на мерките

Доколку се остане вака како  што е од сегашните просечно 780 нови случаи на ден, во пикот би имале 1100 во просек, со тоа што во одредени денови би имале и по 1300 и 1400 нови слуачи. Но, може да биде проблем ограниченото тестирање. Моментално гледаме се процесираат 4400 тестирање на ден, а за да можеме да ги регистрираме сите нови слуачаи треба да се прават по 5000 тестирање  на ден, што не е јасно дали ќе се постигне, вели проф. д-р Дејан Трајковски, професор на Технички факултет-Битола

Иако британскиот сој на вирусот е далеку позаразен, сепак стапката на позитивни тестови во овој бран е речиси двојно помала отколку во ноември, што се должи на високата стапка на стекнат имунитет кај населението.

-Убаво се гледа дека бројот на тестирање расте, а бројот на тестирани е во директна врска со бројот на експонирани лица на вирусот. Ние имаме  повеќе експонирални лица  отколку во ноемврискиот пик. Тоа најдобро покажува дека британскиот сој е попреновлсив, но,  од друга страна поради поголемиот степен на прележаност во одно на ноември, тоа не резултира со толку високи бројки на новодијагностицирани, вели Трајковски.

Трајковски не очекува голем ефект од полицискиот час кој е на сила во државата. Вели дека разврската на епидемијата во Македониј а, според него  ќе биде со прележување на вирусот, а не со вакцинирање на населението  или со рестриктивни мерки.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе