Вести Македонија

Многу напор и малку среќа во борба со километарска огнена линија – избегнато опожарување на населен дел од Струмица

По неколкучасовна битка со разбеснет оган, доцна синоќа се локализираше пожарот во струмичката населба Софилар. Со многу напори и малку среќа, силниот ветер не го пренасочи огнот во правец на населениот дел, па се спречи проширување на огнот кон домовите на струмичани и на жителите од селото Баница. Опасноста беше на дофат. Граѓаните немоќно од терасите гледаа како им се приближуваат пламените јазици. Сомнежот на граѓаните е дека пожарот е подметнат од несовени граѓани, бидејќи не бил прв случај.

Полицијата не дозволуваше интервенции од цивили. Местото е со високи трски и сува трева и мрачно. Нема услови за безбедно движење на несоодветно опремени и обучени лица, затоа сите мораа да се повлекуваат во безбеден појас. Работата ја завршија струмичите пожарникари кои сите до еден се бореа на огнената линија долга неколку километри. Во непосредна близина на просторот каде се движеше огнот се наоѓа и новата населба со десетици станбени згради. Доцна синоќа градоначалникот соопшти дека граѓаните, сепак, можат мирно да ја поминат ноќта.

Поради сериозниот предизвик да се спасат домовите и имотот на граѓаните од опожарување и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа пристигна во Струмица. Силниот ветер бргу го ширеше огнот во повеќе правци, па се мобилизираа и противпожарните екипи од Валандово, Радовиш и Богданци.

ЦУК денеска информираше дека само во овие три седмици од март имало вкупно 484 пожари на територијата на Македонија. Од нив, само 20-тина биле шумски, сите други се пожари на отворено: сува висока трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума и ѓубришта.

Вчера, во земјава имало 28 пожари. Во текот на денот се локализирани сите освен еден, на скопската депонија Дрисла, кој и денес е активен.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе