Вести Македонија

Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров

Вчера во вечерните часови во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Б.С. од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот С.А. од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 34-годишниот А.Ј. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по итна постапка. Извршен бил увид од надлежен обвинител од ОЈО Скопје и увидна екипа од СВР Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе