Вести Македонија

И Левица со осуда на изјавата на Кочоска кон Петровска: Ова е крајната нечовечна, мизогина и одвратна политичка култура на власта

И политичката партија Левица со осуда на говорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска која на пратеничката Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за семејство, бидејќи нема деца.

„Јас политички не се согласувам со пратеничката Славјанка Петровска, ама секаква лична дискредитација во обид да се избегне одговорност и тоа како е за осуда. За жал, министерката Кочоска (во една за неа препознатлива ароганција), денеска од собраниска говорница оценуваше кој смее, а кој не смее да говори за трошоци на семејството?! – Според неа, тие што немале семејство, не смеат да говорат и да бараат одговори?!“, се вели во реакцијата на пратеничката Јована Мојсоска од Левица.

Според неа, „ова е крајната нечовечна, мизогина и одвратна политичка култура на власта, која секојдневно ја сведочиме, со гнасни шиканирања“.

„Ако се надоврзам и на пцуењето од пратеникот Петар Ристески, новата власт на ДПМНЕ и тоа како ја удрило политичката моќ и ароганција, без ниту една година на власт. Не знам дали министерката Кочоска сака да му се допадне во ароганцијата на премиерот Мицкоски и да го достигне неговото „ниво”, кој исто на пратенички прашања, освен одмори на Хургада и дегутантни дискредитации, друго нема што да каже. Како член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички, очекувам јавна осуда од сите партии за ваквиот говор на министерката. Во спротивно, воопшто не сметам дека треба да сум дел од тела кои само формално постојат на хартија и во истите не планирам да учествувам“, истакна Јована Мојсоска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе