Уставот ќе се менува, но не сега, туку пред влезот во Европската унија. Тогаш, во преамбулата може да бидат вметнати сите етнички заедници кои живеат во Македонија, како што тврди премиерот, по примерот на другите европски земји.
Имаме години пред нас, но изразената волја дека имаме спремност не само за Бугарите, за Хрватите, Торбешите, Еѓипќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме во државата од помалку бројни етнички заедници како отворено општество, европска заемја ќе госледиме примерот на европските земји, изјави премиерот.
Во Уставот, како конститутивен народ, од помалите етнички заедници се спомнати Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите и Бошњаците.
Минатата недела министерот за надворешни Бујар Османи, рече дека ако треба, и Бугарите може да бидат спомнати во Уставот. Неговото објаснување беше дека има можност за ова, ако тоа го олесни организирањето на Бугарите во Македонија или, при презентирањето на резултатите од пописот.
Премиерот вели дека на пописот секој може да се изјасни како што сака.
Во моментов не ни треба било какво уставно надополнување за секој граѓанин да се изјасни на пописот така како се чувствува етнички.Тоа е слободно, секој може недвосмислено, прецизно, јасно да си каже на која етничка заедница припаѓа. Или доколку припаѓа на некоја верска група да се изјасни дека припаѓа на таа верска заедница. Тие се опциони прашања, граѓаните сами ќе си даваат свој одговор“
Етничката и верската припадност се дел од прашањата на пописот кои се уште ја брануваат јавноста, иако Уставот ги гарантира правата на сите граѓани подеднакво.
Марија Дивитарова