Вести Македонија

Градежна инспекторка доби кривична пријава затоа што наредила уривање на дивоградба со општински пари откако нејзиното семејство протестираше пред судот за долгиот притвор во завршена истрага за мито од 4000 евра

Полицијата денеска поднесе кривична пријава против градежна инспекторка пд Куманово која со општински пари наредила уривање на дивоградба наместо да издаде наредба самиот инвеатитор да си ја урне дивоградбата.

Пријавата е објавена во попладневниот билтен на МВР, само неколку часа откако семејството на инспекторката одржа прес конференција пред кумановскиот суд и го обвини судот дека врши тортура бидејќи 4-ти месец по ред ја држи во притвор инспекторката при завршена истрага и поднесено обвинение против неа за примање мито пд 4000 евра пд градежник.

Во билтенот не е посочено дали двете пријави се поврзани со ист случај ниту пак е посочено времето на извршување на дејствието.

МВР во пријавата потенцира дека штетата врз општинскиот буџет изнесува околу 8250 евра кои биле потрошени за отстранување на дивоградбата во Куманово.

Во продолжение, информацијата од билтенот на МВР и текстот за протестот:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, градежен инспектор во општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши општина Куманово, со што го оштетила буџетот на општина Куманово за износ од 498.503 денари.

Кумановскиот суд врши тортура врз мојата мајка и ја држи во притвор иако нема причина, обвинува ќерката на осомничената градежна инспекторка од Куманово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе