Вести Македонија Топ вести

Учениците во ООУ „Лазо Ангеловски“ на бојкот се додека третооделенецот не биде префрлен во друго училиште- алармираат од Советот на родители

Околу 1500 деца од прво до деветто одделение нема да одат на настава се додека надлежните не го префрлат во друго училиште, ученикот кој има историја на насилство, велат од советот на родители. Додаваат дека се против овој бојкот, но поради низата инциденти на соученикот,секојдневието на децата е комплетно нарушено. Побараа од институциите да престанат да си ја префрлаат топката и да го решат проблемот.

„Сите оние чекори кои што ги имаме преземено немаат донесено никаков резултат, напротив ситуацијата е влошена и апелираме да се случи решение што поскоро додека не дошло до ескалација која што ќе има трајни последици иако веќе имаме деца кои што одат на психолошка помош заради проблеми кои што ги имаат со ова дете, и затоа апелираме да се имплементира онаа одлука од страна на надлежните дека најдобро за детето би било тоа да промени средина за да може да се имплементира во новата средина каде што веќе ќе почне одново, а не нарушено како што е до сега случај“, вели Зафир Делиуланов претставник од Совет на родители на ООУ Лазо Ангеловски.

Средбата во Министерството за образование и наука со претставници на засегнатите страни заврши. Целта на ваквите состаноци според МОН е да се дефинираат мерки и активности што ќе треба да се применат,но без да прецизираат какви.

„На иницијатива на МОН е  формирана интердисциплинарна комисија составена од претставници на министерството, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, која се состанува за разгледување и преземање соодветно мерки и активности согласно законската регулатива, во чиј фокус се најдобрите интереси на ученикот, но и на сите инволирани“, велат од МОН.

Пред два дена бојкотираа и родители на деца од основното училиште „11 Октомври“ поради обид за трансфер на третооделенецот. Прво не дозволуваа нивните деца да одат на часови се додека овој проблем не се реши, но од денеска тие се вратија во училишните клупи.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пашоли: Таравари ни рече дека „Вреди“ не вреди толку

Дејан Дејан

Стаменкоска Трајкоска: Прекрасна е иднината на парламентарното мнозинство, во секој момент има 75 и повеќе пратеници

Дејан Дејан

Сали: Чорбата е одамна испиена, купување време е една од точките во агендата на Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе