Вести Македонија

Синот на турскиот градоначалник кој почина бил приведен поради тепачка во казино

Онур Ѓунај, синот на турскиот градоначалник кој почина од срцев удар во Скопје, бил приведен откако во казино со нож се заканил на обезбедувањето, дознава Телма. Тој бил учесник во тепачка во казиното, по што се обидел со ладното оружје да се пресмета со обезбедувањето.

Тој е син на Мустафа Ѓунај, градоначалник на една од општините во градот Измир. Тој за турските медиуми изјави дека неговиот син починал од срцев удар.

Од МВР соопштија дека на 20 ноември од затворот во Шуто Оризари било пријавено дека на 34 годишниот турски државјанин му се слошило по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што починал.

Неговото тело по наредба на јавен обвинител беше дадено на обдукција. Во меѓувреме обдукцијата е направена и сега се чекаат токсиколошките анализи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ примен во болница oткако му се слошило за време на посетата на САД

Дејан Дејан

Светки ден на медиумите – Новинарите се чувари на демократијата

Дејан Дејан

Почеток на работата на автопатската делница долга 17 и пол километри која чини около 90 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе