Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, премиерот Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод 80 години од ослободувањето на Скопје. Премиерот се осврна и на проблемот со Бугарија и изјави дека сега Македонија има власт која ги штити македонските државни интереси.
„Различни импулси на збунетост доаѓаат од опозицијата која еднаш вели дека го прифаќаме француски предлог, а другпат викаат дека сме против европската иднина, а всушност тие ја гледаат ненаучената лекција дека денес има влада, која ги штити македонските државни интереси и со цела сила се обидувам да издејствувам фер и достоинствено решение и шанса Европа да ги слушне нашите аргументи“, рече Мицкоски.
Мицкоски изјави „Дека лагите кои што ги изнесуваше СДСМ за уставните измени, ниту се случија, ниту пак ќе се случат. Мицкоски дополнително вели дека вложува труд, да се стави македонското прашање и европска иднина на маса и да се разговара за фер решение.
Во однос на Бугарија, Мицкоски потенцираше дека нема да се прифаќаат секакви уцени и диктати, како што било пример изминативе години.