Вести Македонија

„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар

Во согласност со потребите на своите потрошувачи, „Макпетрол“ постојано работи на подобрување и проширување на својата мрежа на услужни објекти, со цел да го олесни и унапреди снабдувањето со горива, био горива и течен нафтен гас.

Целосно обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Гостивар, лоцирана на булеварот ЈНА 310, започна со работа. На оваа локација, потрошувачите имаат пристап до сите видови ULTRA горива на „Макпетрол“, произведени со напредната „Dual Action Technology“. Бензинската станица и продажниот објект се достапни за потрошувачите 24 часа, седум дена во неделата.

Реновираната бензинска станица во Гостивар ги исполнува највисоките технички и безбедносни стандарди. Инвестицијата во нејзиното обновување е дел од долгорочната стратегија на компанијата за проширување и подобрување на понудата и услугите за своите потрошувачи. Освен квалитетните ULTRA горива, продажниот објект нуди широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

„Макпетрол“ секогаш се стреми да обезбеди врвна услуга и квалитет за своите верни потрошувачи. Компанијата постојано инвестира во модернизација на постоечките и изградба на нови, современи бензински станици. Како водечки дистрибутер на нафта и нафтени деривати во земјава, „Макпетрол“ преку овие инвестиции ја потврдува својата целосна посветеност кон задоволување на потребите на потрошувачите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Терапијата која недостасуваше, пристигна на Онкологија

Дејан Дејан

Муцунски загрижен: Македонија може да ја пропушти 2030 година за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе