Вести Свет

Додик тврди дека ОБА планирала атентат врз него и врз Вучиќ

 Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека е „општо познато“ дека Разузнавачко-безбедносната агенција (ОБА) на Босна и Херцеговина  планирала негова ликвидација како и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој рече дека тоа е една од причините поради која поранешниот директор на ОБА Осман Мехмедагиќ Осмица е во затвор.

„Тоа беше целосно разработена шема во која тие прво развија мрежа за мониторинг во Србија на претседателот Вучиќ и неговите активности. Тие ги подготвија медиумите за се, од Федерацијата на Босна и Херцеговина до Вучиќ и мене“, рече Додик.

Според него, сега има „доказ од организациски карактер“ дека групи се подготвувале за егзекуција, пренесе Бета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ примен во болница oткако му се слошило за време на посетата на САД

Дејан Дејан

Светки ден на медиумите – Новинарите се чувари на демократијата

Дејан Дејан

Почеток на работата на автопатската делница долга 17 и пол километри која чини около 90 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе