Вести Македонија Топ вести

Југот на Македонија утре во портокалово – Владата со препораки за ослободување од работа на трудниците и лицата над 60 години, децата да не се изнесуваат надвор од 11 до 17 часот

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки.

Владата, како што е посочено во соопштението, ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на овие градови.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе