Вести Свет

Загина палестински репортер во Појасот Газа- израелски проектил ја погодил неговата куќа

Официјалната палестинска телевизија соопшти дека нејзинот репортер во Појасот Газа, Мохамед Абу Хатаб, загинал денеска кога израелски проектил ја погодил неговата куќа.

  • „Колегата Абу Хатаб падна како маченик со членовите на неговото семејство во израелското бомбардирање на неговата куќа во Кан Јунис“, јави „Палестајн ТВ“.

Медицински извори во болницата „Насер“, во Кан Јунес, за француските медиуми открија дека во нападот загинале 11 лица.

Во своето последно телевизиско јавување,денеска, на 27 ден од војната меѓу Хамас и Израел, 52-годишниот Абу Хатаб  информира дека „мртовечниците се полнат со маченици“, а други тела се под урнатините.

Според Палестинската асоцијација на новинари, најмалку 27 палестински новинари се убиени во Појасот Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас, што почна на 7 октомври, со нападот на исламистичкото движење врз израелска територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе