Вести Македонија

И покрај позитивните оценки од САД и ЕУ, Груби смета дека антикорупционерите не покажале резултати

Првиот вицепремиер Артан Груби не е задоволен од работата на Антикорупциската комисија. И покрај тоа што ДКСК е една од ретките институции која од САД и од ЕУ добива пофалби и позитивни оценки за борбата против корупцијата, Груби во интервју за Сител ги отфрла меѓународните согледувања и има поинаков став.

-Огромно мнозинство од случаите се или изгубени во административни постапки или отфрлени од страна на судиите за тоа што го работи ДКСК и се надевам дека следниот состав ќе биде навистина сериозен, немаат ниту еден успех откако се на мандат, рече првиот вицепремиер Груби во интервјуто.

Антикорупциската отвори случај против Мерко за купените автомобили од блокирана сметка на општина Струга пред повеќе од три гпдини, а откри и дека Судскиот совет го застарел предметот по нивна претставка за судија и претседател на судот во Струга кои овозможиле наместо да ги враќа општинските долгови, градоначалникот да си купи луксузен службен автомобил.

САД поради корупција, влијание врз судството и злоупотреба на јавни фондови го стави Мерко и неговото семејство на црна листа. Груби во интервјуто побара истраги и за Мерко, но и за својот лидер Ахмети чиј внук за беспари во партнерство и со пари на фирма од Албанија доби 39% од над 31 милион евра вредниот Соравиа центар во Скопје до ГТЦ.

Груби е убеден дека нема да се најде криминал, а истотака побара истраги за секој член на ДУИ, партијата која речиси две децении е во власта. Лидер на партијата цел период е Али Ахмети, а поради честото користење на министерскиот кабинет на Груби од партискиот шеф, ДКСК јавно алармираше дека вицепремиерот ги користи службените простории за партиски цели и активности.

Груби искористи сега да ја нападне Антикотупциската за според негова проценка, неуспешна работа иако единствено тие (и ДЗР) според стручните анализи на ЕУ и САД покажуваат позитивни резултати во битката против корупцијата.

Инаку ДКСК требаше да добие простории во зградата каде сега е Министерството за политички систем на кое прв човек е токму Груби. Но, владата ги “прекомандува” антикорупционерите во друга државна зграда (финансиска полиција и Секретаријат за европски прашања) и ги смести во делот планиран за Академијата за драмски уметности.

Дел од канцелариите се зад голем надворешен видео бим и немаат дневно светло, но и покрај таквата “просторна” игра откриваа случаи како например за партиска употреба на службените коли на МНР од министерот Бујар Османи, или лошото управување во Агенцијата за млади спорт под ракпвпдатво на Наумче Мојсоски.

Но, никој не презеде никакви активности за откритијата, а функционерите (пример Мојсоски) ги тужат антикорупционерите на Граѓански суд или пак на Управен суд ги обжалуваат решенијата за утврдени неправилности поврзани со корупција, непријавен имот и судир на интереси.

Но, сето тоа се смени со Мерко ставен на црна листа на САД (за кого и ДКСК имаше случај) и покрај обидите на Груби да даде поинаква слика за ДКСК пред јавноста во Македонија.

Миомир Серафиновиќ

Тхор на внукот на Али Ахмети имал само 368 илјади евра приход лани, но стигнал до 39% од Соравиа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе