Се водат предмети против високи функционери, откри Русковска во вечерашната Топ Тема на Телма, но одби да даде поконкретни информации. Русковска беше прашана дали постои предмет поради кој беше суспендирана во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Нема да ви одговорам конкретно, но има предистаги за високо профилирани личности, рече кратко поранешната шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Русковска одби да прецизира и дали станува збор за функционери од актуелната власт, или од некоја претходна влада.
По законот за кривична постапка сите предистраги се тајни, така да навистина не можам ниту да посочувам. Потоа ќе започнат шпекулации по медиуми, по социјални мрежи, така да, не, рече Русковска.