Вести Македонија Топ вести

(видео)ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот на СДСМ за посебна Анкетна комисија за трагедијата во „Пулс“

На еден ден пред почетокот на судскиот процес за трагедијата во Кочани, пратениците од СДСМ поднесуваат предлог до Собранието за надзорна расправа и за формирање на посебна Анкетна комисија, за целосно и независно испитување на трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Предлогот следи три дена по „Маршот на ангелите“ во Скопје, каде што блиските на загинатите упатија свои барања до пратениците.

И лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, најави дека следната недела ќе закаже посебна комисиска седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која ќе се разгледува претставката од „Здружението 16-ти март“ на родителите од Кочани, а на која и тие ќе бидат официјално поканети.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, денеска кажаа дека ќе го поддржат предлогот на СДСМ за посебна Анкетна комисија, но само ако е проширена и за другите трагедии низ годините.

Б.С.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Страв или ниска свест – во Комисијата за спречување на дискриминација нема поднесоци за секуално вознемирување врз децата

Дејан Дејан

(живо)Почна интервјуирањето на кандидатите за претседател на ДКСК

Дејан Дејан

Облачно и врнежливо – Временска прогноза за 19.11.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе