Од импровизирани колиби до типски куќи. 41 ромоско смејство добива нов дом, а општина Штип тврди го решила проблемто со ширење на жолтица и шуга. Багерите урива пред камерите кај старото нервно одделние и хотелот Гарни.
После повеќе од три децении се уриваат стари објекти на две локации во Штип, во кои во субстандардни услови живееја над 30-тина ромски семејства.
Условите во нив беа причина и низ годините кај децата, но и кај возрасните да се шири жолтица и шуга.
Градежната механизација влезе во објектите кај хотелот Гарни и во старото Нервно одделение, откако вчера 41 семејство од социјален ризик ги добија клучевите од новите домови во типските куќи во населбата „Мирјанина црква“. Старите објекти се уриваат, а веднаш и просторот се чисти.
Во централното градско подрачје просторот ќе се уреди за паркинг, а кај старото Нервно одделение долж булеварот „Партизанска“ ќе биде зона за домување.
Новите типски куќи, кои се дом на ранливи семејства се изградени со средства од фондовите на ЕУ и од буџетот на Општина Штип и се инвестиција од 650.000 евра.
Виткорија Јованова
Б.С.
