Во вечерашната емисија Директно, Рамадан Рамадани се надоврза со репресијата кај луѓето која се појави по трагедијата во Кочани.
„Ние имавме врвна солидарноста, значи попови, оџи отидоа таму да зборуваат со луѓе, општеството одговори на таа емпатија. Но како да имаше организиран обид секој којшто ќе спомнеше Кочани поради ситуацијата со соседите како да е државен непријател. Ако се солидаризира со Кочани како да ќе биде криво разбран од партијата или партиските челници“, рече Рамадани.
Рамадани објасни дека луѓето станале исплашени да не зборуваат за Кочани, за да не се обележат како државни непријатели поради ситуацијата која се случува во Србија.
Т.Д.
