Вести ДИРЕКТНО Македонија

Ранѓеловиќ во Директно: Заборавивме и на моралната одговорност, кадешто далеку е поширока лепезата на обвинети кои сепак нема да бидат обвинети

Во емисијата Директно гостуваше политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ кој зборуваше за почетокот на претстојното судење за Кочани кое е закажно за утре.

Покрај кривичната одговорност Ранѓеловиќ смета дека е заборавена и моралната одговорност.

„Заборавивме и на моралната одговорност, кадешто далеку е поширока лепезата на обвинети кои сепак нема да бидат обвинети, на ниту еден начин, па ни преку судството, и сите тие се мали порази кои придонесуваат, за поголема недоверба и за уште поголем песимизам, не само кај младите туку и кај сите нас. Моите очекувања не се големи. Сметам дека полоша завршница од тоа што ќе има судската разрешница е начинот на кој сите ние ја имавме по трагедијата“, објаснува Иво Ранѓеловиќ.

Компаративно со помошта која се укажала на семејствата од Кочани, Ранѓеловиќ смета дека не видел пратениците од Собранието да донираат, ниту да ги посетат семејствата, какошто многу луѓе од соседните држави и функционери го направиле тоа. Тој додаде дека успехот на случајот Кочани ќе биде оној кој го имаат граѓаните во судството, а тоа е 2 посто.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регулацијата на авторските права во Македонија неколку години тапка во место и покрај тоа што постои закон алармираат експертите

Дејан Дејан

Тутунарите задоволни од проценката, но бараат повисока цена – почна откупот на тутунот во Прилеп

Дејан Дејан

„Базен на таленти“ – ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање на работници од трети земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе