Вести Економија Македонија Топ вести

Организација на потрошувачи: „Цените мора да се следат, мерките да не задоцнат доколку има поскапување“

Пазарната инспекција мора да биде на терен и да следи дали ќе има скок на цените во периодот кој доаѓа, а Владата мора да биде подготвена да интервенира иако краткорочните мерки не даваат значителни резултати е ставот на Организацијата на потрошувачи. Од економија велат дека се во контакт со инспекциите но не откриваат дали и какви мерки би се примениле.

Во пресрет на новогодишните празници надлежните институции и инспекции мора да бидат присутни на терен и да ги следат цените, особено на прехранбените производи, за да може навремено да интервенираат доколку дојде до нагло поскапување, сметаат од Организацијата на потрошувачи откако владата најави дека краткорочни мерки, како што беше минатогодишната новогодишна кошничка нема да има.

  • „Ако се следат цените тоа треба да се прави навистина ефективно и во овој период инспекцијата постојано да биде на терен и да согледува дали има покачување на цените и да се види дали има раст или не. Доколку се носат такви краткорочни мерки сметаме дека тоа треба да биде од некој период малку поназад, месец или два кога цените не биле толку високи како во другиот период кога ќе се покачат“, смета Татјана Тасевска, Организација на потрошувачи (ОПМ).

Од министерството за економија се на став дека краткорочни мерки како празничните потрошувачки кошнички нема да има бидејќи анализите покажале дека инфлацијата е стабилна и нема раст на цените. Од економија ќе чекаат на аларм од пазарната инспекција доколку цените нагло се покачат.

  • „Ние и понатаму ги следиме цените, гледате дека горе долу е стабилизирана инфлацијата со благ пад. Доколку утврдиме дека има такви непазарни, нелогични зголемувања на цените понатаму ќе размислуваме со какви мерки доколку има. Сега засега нема да има мерки да напоменам. Ќе одлучиме како да дејствуваме како Влада и како министерство за економија и труд“, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија (17.11.2025)

Долгорочни мерки односно стратегија ќе дадат многу подобри резултати и ќе се спречи скок на цените како што се случува по истекот на краткорочните мерки.

  • „Организацијата на потрошувачи и тогаш кога беа носени тие краткорочни мерки сметаше дека нема да дадат голем ефект бидејќи најчесто беа носени кога цените беа покачени и високи беа цените а после еден два или три месеци кога ќе престанат да важат тие мерки веќе рапидно се зголемуваат цените што значи дека сметаме дека ако веќе се носат некакви мерки треба да бидат подолгорочни и да има ефекти врз цените и граѓаните тоа да го почувствуваат“, вели Татјана Тасевска, Организација на потрошувачи (ОПМ)

Во организацијата во последниот период добиле десетици поплаки од граѓани на нагло зголемување на цени на неколку прехранбени производи.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе си делат ли контејнер неколку угостители за да избегнат казни за фрлање смет по 22 часот?

Дејан Дејан

Корупцискиот скандал со проневери преку ИПАРД на опозициските пратенички прашања – обвинувањата се префрлија на собраниска говорница

Дејан Дејан

Села испорача три услови без кои нема да разговара за влез во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе