Вести Македонија Топ вести

Ниту едно дете не пријавило сексуално вознемирување – надлежните предупредуваат на страв

Жртвите молчат, возрасните околу нив не секогаш препознаваат дека нешто се случува. Клучна е превенцијата кога децата си ги знаат своите права, а возрасните знаат како да реагираат и каде да пријават.

Сексуалното насилство врз деца се појавува во многу форми, но ретко кој го пријавува, констатираат надлежните.

  • „Тука спаѓаат сексуална злоупотреба, детска порнографија, сексуална експлоатација, онлајн вознемирување. Во повеќето случаи сторителот му е познат на детето, а во некои од случаите детето има стекнато голема доверба во детето“, изјави Барбара Лигл, лидерка на компонентата за фундаментални и човекови права на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Едно од пет деца во Европа е жртва на некаков облик на сексуално насилство, предупредуваат статистиките на Советот на Европа. Зад овие бројки стојат деца  кои често молчат од страв, срам или затоа што не знаат каде да се обратат.

Иако проблемот е широко распространет во европските земји, во Македонија досега не е поднесена ниту една претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за сексуално вознемирување на деца.

  • „Комисијата досега нема пријави за сексуално вознемирување. Мислам дека се уште е ниска свесноста и постои страв од пријавување“, изјави Душан Томшиќ, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Од Комисијата велат дека тоа не значи дека нема случаи туку дека децата и родителите се уште немаат доволно свест за препознавање на сексуалното вознемирување, ниту пак доверба дека институциите ќе реагираат соодветно.

  • „Народниот правобранител често укажува дека децата жртви на насилство имаат двојни трауми. Од самото насилство и од нечувствителниот институционален одговор“, изјави Соња Трифуновска, заменик народен правобранител.

По повод Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца, започна и националната кампања „1 од 5 – стоп за сексуалното насилство врз деца“.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ со загуба од над 90 милиони евра – каква ќе биде новата цена на струјата?

Дејан Дејан

Се уриваат импровизирани домови во Штип

Дејан Дејан

Организација на потрошувачи: „Цените мора да се следат, мерките да не задоцнат доколку има поскапување“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе