Ако просечната плата во државата е 45.000 денари, а, да речеме, претседател на суд има нето плата месечно од 180.000 денари, јас мислам дека малку многу, рече премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
Запрашан колкава плата би требал да има судија, Мицкоски одговори:
„Ако премиерот на државата има, да речеме, за 20 проценти помала плата, барем, еве колку што има премиерот на државата“.
Мицкоски додаде дека тоа не значи дека ќе се намалат платите на судиите, туку дека ќе имаат буџет што ќе соодветствува на стандардот кој што го имаат сите граѓани.
С.Д.
