Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прифаќа предлогот на опозицијата за формирање на Анкетна комисија во собранието за случајот со Кочани, рече премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Во ред, ќе зборуваме, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии кои што нѝ се случија во изминатите години. За се да зборуваме, затоа што сите виновници, апсолутно сите, да се изведат пред лицето на правдата. Во најмала рака, кога во парламентот има ваков тип на анкетна и надзорна расправа, тогаш граѓаните треба да видат и слушнат кој е тој што направил грешка, кој е тој што злоупотребил, кој е тој што е виновен. И јас апсолутно ја поддржувам одлуката на пратениците, еве нека има анкетна и надзорна расправа“, изјави Мицкоски.
С.Д.
