Буџетот кој што владата го издвојува за правосудниот систем е повисок од 75 проценти од земјите членки на Европската Унија и јас апсолутно не гледам потреба за зголемување на таа сума, односно тој буџет, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Сепак, на прашањето зошто не се почитува Законот за судски буџет, во чиј член 4 е наведено дека буџетот треба да биде најмалку 0,8 отсто од БДП, премиерот тврдеше дека тоа ниво е до 0,8 проценти. Еве како гласи членот 4 од законот за судски буџети.

Дополнително на прашањето дали ќе се менува начинот на финансирање на правосудниот систем, Мицкоски без конкретен одговор. Додаде дека компаративната анализа не значи дека ќе се намалат платите на судиите, туку дека ќе имаат буџет што ќе соодветствува на стандардот кој што го имаат сите граѓани.
„Што се однесува до делот за одобрување на плановите за вработување и унапредување, немам никаков проблем. Немам никаков проблем да се одобрува планот за вработување и унапредување од страна на судскиот совет и еве владата како небитна, само нека ја информираат. Нема никаков проблем“, потенцира Мицкоски.
Тој додаде дека владата не се меша во судството, но додаде, „владата е одговорна за секој денар народни пари“.
„И кога тие народни пари ги троши некоја институција или орган од управата на државата, логично е државата да се грижи за тоа“, вели Мицкоски.
С.Д.
