Предлог-измените на Законот за данокот на додадена вредност го поминаа првото читање во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со предложените измени се укинува ослободувањето од ДДВ за мали комерцијални пратки до 22 евра испорачани од странство, со цел, како што посочи заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, да се создаде појасна правна рамка и да се спречат злоупотреби.Ослободувањето до 22 евра останува само за лични, некомерцијални пратки меѓу физички лица, но со исклучоци за алкохол, парфеми и тутунски производи. Јанкуловски потсети дека Европската унија уште во 2021 година го укина ваквото ослободување за комерцијални пратки, а предложените измени треба да обезбедат пофер услови за бизнисите во земјава. Дел од опозицијата го оцени предлогот како политички изговор што ќе го погоди населението со најниски приходи.
Комисијата го одобри првото читање на измените на Законот за ДДВ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
