Вонредно зголемување на минималната плата нема да има исто како и мерката за потрошувачки празнични кошници, соопшти министерот за економија Бесар Дурмиши и најави дека до крајот на месецот ќе го свика економско социјалниот совет на кој ќе се прецизираат и владините просечна потрошувачка кошничка како пандан на минималната синдикална.
Анализите на економија и на Владата покажале дека доколку се го прифатат барањето на ССМ за покачување на минималецот на 500 евра ќе влијае на инфлацијата која ќе се покачи па затоа минималецот ќе остане 22.400 денари до март идната година кога ќе има редовно зголемување но по однапред утврдена формула и кое нема да ја надмине границата од две илјади денари плус.
Според надлежните, инфлацијата е стабилна и бележи намалување ако се споредат октомври и септември но ако се спореди месецот октомври годинава и лани таа изнесува 4,5 проценти. Во пресрет на новогодишните празници Владата овој пат нема да ги активира краткорочните мерки, празничните кошнички, со кои продуктите кои најмногу се трошат во тој период да се продаваат по пониски цени.
Мерки за ограничување на цените во маркетите, иако уште од месец мај во неколку наврати и министерот Дурмиши и премиерот Мицкоски ги најавија, исто така нема да има. Се прави стратегија и се бара решение на долгорочен план е одговорот на надлежните кој се повторува одново а образложението е дека краткорочните мерки се причина за скок на цените по нивното истекување.
На предлог на министерството за економија од 1 јануари стапува на сила закон за финансиска поддршка на инвестициите со кој на бизнисот ќе му бидат достапни до 1,5 милиони евра за набавка на опрема, ресурси и материјали. Овие средства нема да бидат достапни за фирмите во во секторите земјоделство, шумарство, рибарство и градежништво.
Министерот Дурмиши соопшти дека е задоволен од одзивот на „Оперативниот план“ каде заклучно со октомври имало речиси 11 илјади апликации за самовработување и обука и затоа ќе бара во 2026 година сумата да се зголеми од 40 на најмалку 50 милиони евра кои ќе бидат на располагање.
Oгнен Чанчаревиќ
Дигитална обработка: T.Д.
