Се бара решение за над 500-тини вработени во Лукоил Македонија по одлуката на овој голем енергетски гигант да го продаде имотот надвор од границите на Русија по санкциите за нафта на САД, тврди првиот регулатор Бислимовски. Тој веќе имал средба и со менаџментот на Лукоил во земјава.
Смета дека на компанијата треба да ѝ се даде шанса да се снабдува со деривати од други држави. Проблемот со Лукоил се докомплицира, откако швајцарската компанија Гунворк се откажа од понудата за купување на имотот на Лукоил во странство.
Сега се бара нов купувач. Остануваат уште десетина денови да се најде решение за судбината на Лукоил, затоа што на 21-ви овој месец стапуваат на сила санкциите од САД.
Лукоил во земјава има 40 бензински и 10 резервоари. Од пред извесно време на бензинските станици не може да се плаќа со картичките „Виза“ и „Дајнерс“.
Уште еден проблем за кој надлежните во земјава се надеваат на решение е тоа што од 1 јануари извозните македонски компании ќе треба да плаќаат јаглеродна такса која ќе ги поскапи домашните производи кои се пласираат надвор.
Сè уште се чека одговор дали можеби ќе се пролонгира овој рок, затоа што отстранувањето на јагленот од производството е тешко не само кај нас, туку и во некои поразвиени земји.
Инаку Романија и Бугарија се обидуваат да го спасат имотот на Лукоил кај нив. Во Бугарија со посебен закон ќе се овозмози дури и да го национализираат имотот на компанијата.
Според информациите во медиумите, пак, Романија каде Лукоил, исто така, има рафинерија, најверојатно ќе бара прологнирање на санкциите, додека национализацијата ќе биде нивниот последен чекор.
Ирена Чачкова
