Европската инвестициска банка (ЕИБ) и владата потпишаа договор со кој се унапредува стратешката соработка и поддршката за економски раст и интеграција во Европската Унија (ЕУ). Од 1991 година досега, ЕИБ инвестирала 1,6 милијарди евра во клучни проекти за инфраструктура, енергетика, водоснабдување и поддршка на малите и средни претпријатија во земјата.
Новиот договор ќе овозможи зголемување на финансиската и техничка поддршка и во други области, како што се здравството и образованието, со цел создавање одржлива и конкурентна економија подготвена за европскиот пазар.
