Uncategorized

Димитров: Работата на историската комисија е до никаде, осум години работиме, уште сме на учебникот за седмо одделение

Работата на историската Комисија меѓу Македонија и Бугарија е блокирана. Вака првиот човек на бугарскиот тим во Комисијата, Ангел Димитров ја оцени работата на мешовитата историска комисија меѓу двете земји, велејќи дека таа по осум години работа не стигнала до никаде.

„По осум години работа, 38 средби, сè уште сме на учебникот за седмо одделение чиј материјал одговара за шести клас кај нас, односно во 11 век. Би можел да кажам дека е тоа блокирана работата на Комисијата, но ќе употребам еден повнимателен израз, ќе кажам дека стагнира, дека е во застој, и го употребувам тој бидејќи тоа е и целосната состојба на државата таму“, вели Димитров.

Запрашан дали има смисол да се одржуваат средби на Комисијата со оглед дека со тоа се официјализира нешто што нема поместување, Димитров вели дека токму таа е алиби за многу сложените односи меѓу двете земји, бидејќи формалната дејност на Комисијата покажува дека се уште постои желба нешто да се работи. Димитров во интервјуто за БНТ, го става под знак прашалник и самиот Договор за добрососедство, бидејќи како што вели ако единствената комисија создадена со Договорот, како единствената форма на негово исполнување, нема резултати, го покажува односот кон самиот Договор.

„Причините да се блокира работата на Комисијата е непостоењето желба кај нашите колеги и во случајов, целосно ја следат политиката на државата и доктрината на македонизмот, да не се зборува дека има заедничка историја“, вели Димитров.

Смената на тимот од македонска страна, според него, не сменило ништи во работата на Комисијата, односно дека и тие како и нивните претходници ја запреле дискусија на темата – Охридската архиепископија, со барање да нема ниту минимално навестување дека Охридската архиепископија е продолжение на Бугарската патријаршија.

Димитров притоа наведува дека сè уште не се потпишани записниците од претходни состаноци на Комисијата и оти сега работата на тоа, бидејќи без записници целата работа на комисијата виси во воздух. Тој побарал од македонскиот колеги да одржат онлајн средба во потесен состав, само за записниците, со оглед дека седум од нив не се потпишани, за да се надмине тој проблем.

Следната редовна средба на Комисијата треба да се одржи до средината на декември в Софија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Буџетот тежок 6,7 милијарди, зошто власта и опозицијата традиционално различно ги читаат бројките?

Дејан Дејан

Предложениот буџет е потрошувачки, 90 отсто е наменет за тековни расходи, смета Битиќи

Дејан Дејан

Бизнис дијагностика како важен фактор во време на економски брзи промени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе