Uncategorized Вести Македонија

Робусните акции против судството и во извештајот на ЕК

Без напредок и со констатација дека надворешното и политичкото мешање остануваат причина за сериозна загриженост. Овие, но и другите забелешките во извештајот на Европската комисија (ЕК) реално ја отсликуваат  сосотојбата во правосудстовото, оценуваат невладините.

Европската Унија (ЕУ) забележува дека засилената реторика на политичарите и владините функционери за преземање на мерки против судиите и обвинителите претставуваат непримерно влијание или заплашување и ја поткопуваат независноста на судството. Ова следува по изјавите на премиерот за робусни акции и механизми против судии и обвинители. ЕК ги нотира обидите на парламентот да изврши притисок врз членовите на Судскиот совет да поднесат оставка преку интерпелациите, како и оставката на екс претседатлеката Весна Дамева поради политички притисок.

„Две работи се најалрамантни. Пред се тоа е политчкиот притисок од кој трае од 2024 и 2025 година од извршаната и законодавната власт, не само преку интерпелациите. Друго што загрижува е финансиската зависност. Немаме судии, јавни обвинители, нема финансиска согласност за нова генерација на Академија за судии и јавни обвинители, нема стручни соработници, дактилографки, нема основни средства за работа на судовите и обвинителствата“, посочи Јелена Кадриќ од Институтот за човекови права.

И според Дарко Аврамовски од Коалицијата сите за правично судење неумесните изјави и агресивниот пристап на Владата и Собранието кон судстовото со интерпелацииите и претресите во просториите на Судскиот совет се причина за загриженост кај мегународната заедница.

ЕК констатира дека кавлитетот на правдата треба да се подобри, а ефикасноста на правосудниот систем дополнитлено се намалила. Се потенцираат последиците од спорните измени на Кривичниот законик, недостатокот на соодветни човечки и финансиски ресурси и одложувањата во судските постапки.

Аврамовски го истакнува и слабиот перформанс во имплементација на стратегиите во делот на правосудството, а Кадриќ, пак, констатира дека кај Судксиот совет годинава има пасивност и затишје во делот на имплеметација на препораките на оценската мисија.

ЕК оценува дека двата Совети треба да ги засилат своите напори за заштита на независноста, интегритетот и професионализмот на судиите и обвинителите.

Во извештајот се најде постапката за избор на претседател на Врховниот суд која велат покрена загриженост за можно мешање, бидејќи членовите на Судскиот совет не дадоа суштински аргументи за тоа зошто избраниот кандидат Фидани е посоодветен од конкурентката Адеми.

ЕУ констатира дека изборот на судии во граѓанскиот оддел на Апелациониот суд во Скопјe бележи отстапување од ранг-листата.

Во извештајот е нотиран и пожарот во „Пулс“ во Кочани и како што пишува откри трајни системски предизвици во однос на спроведување на антикорупциските мерки.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Организација на потрошувачи: „Цените мора да се следат, мерките да не задоцнат доколку има поскапување“

Дејан Дејан

Најмалку 94 Палестинци умреле во израелските затвори во период од две години заради насилство и лекарска негрижа

Дејан Дејан

Ниту едно дете не пријавило сексуално вознемирување – надлежните предупредуваат на страв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе