Моќта на општините за реализација на некои прогресивни ветувања е многу ограничена, истакна Благица Петрески од Фајнанс Тинк во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Општините прво треба да поведат сметка за нивната фискална дисциплина, второ да поведат сметка за усогласување на потребите на граѓаните со она што тие треба да го исполнат. И на крај, жално е да се спомене, во цела изборна кампања беше сведена на чистење на ѓубрето и основните елементарни услуги“, истакна Петрески.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
